Официјално: Берлускони купи италијански третолигаш!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони, по напуштањето на екипата, реши да купи нов клуб и тоа го направи денеска.

Берлускони, кој ќе полни утре 82 години, купи 100% од акциите на италијанскиот третолигаш Монца, а досегашниот прв човек на тимот, Никола Коломбо ќе остане претседател на управниот одбор.

Со Берлускони во клубот, кој за 106 години постоење никогаш не бил член на Серија А, доаѓа и неговиот долгогодишен соработник Адријано Галијани.