Официјално: Вардар се засили со двајца Јужно Американци


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од редовите на Вардар во текот на денешниот ден претставија двајца нови фудбалери кои доаѓаат од Јужна Америка.

Во „црвено црното“ семејство доаѓаат дефанзивецот Николас Херанц кој доаѓа од редовите на Олимпо, како и напаѓачот Вилијан Лира Соуза кој доаѓа од бразилски Сао Бернардао.

Херанц е 24 годишен играч од одбраната и во Вардар ќе го носи дресот со број 6, додека Лира Соуза има 25 години и настапува на напаѓачката позиција.

„Потпишав за одличен клуб, и доаѓам во одличен град. Со нетрпение го очекувам мојот прв настап во мојот нов тим. Првите импресии ми се позитивни, и сега низ тренинзите и низ натпреварите ќе дадам се од себе да ги исполнам очекувањата од оние кои ми дадоа прилика да бидам дел од оваа екипа. Знам дека Вардар секогаш атакува на титули. Пред да дојдам тука истражував за овој тим, и можам да кажам дека сум импресиониран. Не беше тешко да се заклучи дека Вардар е најдобриот клуб во Македонија. Исто така ми соопштија дека ќе бидам првиот играч од Аргентина кој ќе настапува во оваа екипа, и драго ми е поради тоа“, изјави Херанц.

„Драго ми е што потпишав за Вардар, и со нетрпение чекам да заиграм во новиот клуб. Знам дека станува збор за најдобриот клуб во Македонија кој секогаш има високи амбиции и цели како на домашна, така и на меѓународна сцена. Се надевам дека со моите настапи и голови ќе придонесам Вардар да дојде до титулата, како и до успешни настапи во Европа. Исто така посакувам брзо да се наметнам кај стручниот штаб и очекувам добро да бидам прифатен од моите нови соиграчи“, изјави Вилијан Лира по потписот на договорот.