Официјално: Вест Хем го донесе Жоао Марио

Од Вест Хем денес го потврдија трансферот на португалскиот интернационалец Жоао Марио кој во Лондон пристигнува на позајмица од Интер.

25 годишниот фудбалер ја доби неопходната меѓународна дозвола во петокот и веднаш може да се стави на располагање на Дејвид Мојс.

„Многу сум среќен што дојдов тука. Ова ќе биде неверојатно искуство затоа што се приклучувам на одличен тим. Навистина ми е драго што сум тука. За мене е доста возбудливо што ќе играм во Премиер лигата“- коментираше Жоао Марио при потпишувањето на договорот.

Португалскиот репрезентативец во дресот на Вест Хем ќе го носи дресот со број 18.