Официјално: Вили Кабалеро нов голман на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Челси и официјално го потврдија трансферот на Вили Кабалеро кој доаѓа како слободен агент, по завршувањето на договорот со Манчестер Сити.

Кабалеро треба да претставува резервна опција за првиот избор Тибо Куртоа по заминувањето на Асмир Беговиќ во редовите на Бурнемут.

„Многу сум среќен што се приклучив на Челси, шампионите на Англија. Со нетрпение очекувам да ги сретнам соиграчите и да помогнам да постигнеме поголем успех во новата сезона“- коментираше Кабалеро веднаш по потпишувањето на договорот.

Кбалаеро кариерата ја започна во редовите на Бока Јуниорс, а во својата кариера има играно и за шпанските клубови Елче и Малага.