Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Вест Хем и официјално го потврдија трансферот на Џек Вилшер кој останува во Лондон по напуштањето на Арсенал.
26 годишниот фудбалер потпиша тригодишен договор со „чеканите“ со кој ќе заработува по 100.000 фунти неделна плата.
Англичанецот веќе во понеделник ќе замине во Швајцарија каде ќе им се приклучи на останатите фудбалери на подготовките во Бад Рагац.
„Се чувствувам добро, многу специјално. Многу луѓе знаат дека имав посебна врска со овој клуб додека растев. Имам многу добри сеќавања од моето детство кога бев навивач на Вест Хем“- коментираше Вилшер.