Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Интер штотуку потврдија дека го договориле трансферот на Жоао Кансело од тимот на Валенсија.
Десниот бек на „Џузепе Меаца“ пристигнува како позајмен фудбалер, но по истекот на неговата позајмица на 30 јуни 2018 година, договорот може да стане перманентен.
Кансело три години го носеше дресот на Валенсија. За овие три години тој имаше 91 настап во дресот на „Лилјаците“ постигнувајќи четири погодоци. 23 годишниот фудбалер беше дел од репрезентацијата на Португалија на неодамна завршеното Европско првенство за млади играчи.
Жоао Кансело во Интер ќе го носи дресот со број седум.