Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Ливерпул и официјално потврдија дека постигнале договор со Ред Бул Лајпциг за трансфер на Наби Кеита.
22 годишниот играч на „Енфилд“ ќе се пресели на 1 јули, 2018 година по завршувањето на актуелната сезона.
„Пресреќен сум што е постигнат договор со кој ќе се приклучам на Ливерпул следното лето. Останувам целосно посветен на Ред Бул Лајпциг за остатокот од сезоната. Го давав максимумот тука цело време кога го носев овој дрес, тоа ќе биде случај се до последниот судиски свиреж на мојот последен настап за клубот. Откако ја решив мојата иднина, сега можам да се фокусирам на помагање на Лапциг да постигне големи успеси“- коментираше Наби Кеита по потпишувањето на договорот.
Минатата сезона интернационалецот од Гвинеја на 31 натпревар постигна осум погодоци во дресот на РБ Лајпциг.