Официјално – Кинезите вложија уште 85 милиони во Милан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Почна, кинеските пари конечно влегоа во Милан.

Компанијата која откупи дел од Милан, Фининвест и официјално потврди дека доби депозит од 85 милиони евра.

Според договорот, кинескиот конзорциум потпиша прелиминарен договор да го откупи Милан од Силвио Берлусони, а после уплатениот депозит од 15 милиони евра, денеска попладне во клубот влегоа дополнителни 85.

Ова е прв голем чекор кон конечното продавање на Милан на кинеските инвеститори, а целокупната работа треба да биде завршена до крајот на годината.

Ова се само првите 100 милиони вложени во клубот, а Кинезите уверуваат дека до крајот на годината се ќе се реализира и ќе се започне нова ера на Милан.