Официјално: Ласана Диара нов фудбалер на ПСЖ

Од редовите на ПСЖ го потврдија трансферот на францускиот играч од средниот ред, Ласана Диара.

Искусниот фудбалер со францускиот гигант потпиша договор во времетраење од 18 месеци, а во ПСЖ пристигна како слободен агент откако го раскина договорот со Ал Џазира.

Ласана Диара има богата играчка кариера настапувајќи за големи европски клубови како Реал Мадрид, Арсенал, Челси и Портсмут.