Официјално: Ливерпул го комплетираше трансферот на Фабињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Ливерпул утеха од поразот во финалето од Лигата на шампионите најдоа во новото засилување, Фабињо.

Одличниот фудбалер кој може да покрие неколку позиции на теренот се пресели на „Енфилд“ во трансфер вреден 50 милиони фунти.

„Премногу сум возбуден поради овој трансфер. Ова е нешто што отсекогаш го сакав, да играм во гигантски тим како овој. Инфраструктурата на клубот изгледа неверојатно. Кога клуб од овој калибар ме посакува не мора да размислувам многу. Ќе се обидам да создадам историја со Ливерпул“- коментираше Фабињо по потписот на договорот.