Официјално: Локо Пловдив се раздели со Јевтоски


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Од Локомотив Пловдив објавија дека договорот на Стефан Јевтоски е спогодбено раскинат и дека тој нема да биде дел од тимот во иднина.

Ова доаѓа по барањето на поранешниот клуб на Јевтоски, Металург  да добие финансиски средства од Локомотив Пловдив во вид на „сума на солидарност“ која што им следува додека фудбалерот не наполни 23 години.

Минатата сезона Јевтоски за Локо настапи на 17 натпревари и запиша еден погодок. Во новата сезона од бугарскиот шампионат Јевтоски се најде во составот на два натпревари.

Од Локомотив Пловдив на Јевтоски му се заблагодаруваат и му посакуваат среќа во иднина.