Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот напаѓач Луиз Адријано конечно успеа да го напушти Милан и својата кариера ќе ја продолжи во московски Спартак.
Адријано на Сан Сиро стигна во летото 2015 година како големо засилување од Шахтјор, но не успеа да се докаже во дресот на Росонерите.
После што во минатиот јануари му пропадна трансферот во Кина Адријано се одлучи уште еднаш да се проба да се избори за место во почетниот состав на Милан.
Иако во оваа сезона доби неколку шанси од Монтела на крајот стана јасно дека веќе нема иднина на Сан Сиро.
Повторно се шпекулираше за тоа дека кариерата ќе ја продолжи во Кина, но бразилскиот напаѓач на крајот се одлучи да оди во Москва.
Адријано синоќа официјално потпиша договор до лето 2020 година со Спартак, а Милан заработи „само“ милион евра бидејќи го плати пред две години дури осум милиони евра.
„Среќен сум што стигнав во Спартак. Ќе дадам се од себе за што побрзо да се вклопам во тимот. Се надевам дека ќе постигнам многу голови и ќе помогнам на клубот да дојде до титула“, рече Адријано.