Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити официјално го потврди трансферот на Бенџамин Менди од Монако вреден 49 милиони фунти.
23 годишниот француски интернационалец потпиша петгодишен договор со „Граѓаните“ и во новата сезона ќе го носи дресот со број 22.
„Пресреќен сум што се приклучив на Манчстер Сити. Тие се еден од најдобрите клубови во Европа, а во Пеп Гвардиола имаат менаџер кој сака напаѓачки фудбал. Сигурен сум дека во следните години ќе бидеме многу успешни“- коментираше Менди по потпишувањето на договорот.
Менди ќе се приклучи на тимот кој е во САД на подготовки и би требало да игра на натпреварот против Реал Мадрид.