Официјално: Милан го потпиша Халиловиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Милан го депонирале договорот на Ален Халиловиќ во Серија А откако Хрватот и официјално потпиша за клубот како слободен фудбалер.

Хрватот изненадувачки пристигна на медицински прегледи минатата недела, а неговиот агент имаше работа да го откаже договорот со Хамбург кој се уште му беше валиден.

„Мисијата“ беше успешна, па Халиловиќ како слободен агент се пресели на „Сан Сиро“, а иако тоа се уште не е официјално потврдено од Милан, официјалниот сајт на Серија А потврди дека договорот на Халиловиќ бил депониран до нив.

Халиловиќ е трето засилување за Милан по трансферите на Иван Стриниќ и Пепе Реина.