Официјално: Обамејанг нов фудбалер на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Арсенал штотуку го потврдија трансферот на Пјер Емерик Обамејанг кој на „Емирати“ доаѓа од Борусија Дортмунд за рекорден клупски трансфер од  63.75 милиони фунти.

Од Арсенал нагласија дека со Обамејанг е потпишан долгогодишен договор и дека истиот сега уште е предмет на комплетирање на некои стандардни процеси пред тој и официјално да биде регистриран во базата на Премиер Лигата.

Бројот кој ќе го носи на дресот се уште не е познат, но се шпекулира дека ќе го земе легендарниот број 14 кој своевремено го носеше големиот Тиери Анри.