ОФИЦИЈАЛНО- Ова е УЕФА тим на годината, доста поразличен од тој на ФИФА!

УЕФА на својот официјален сајт го објави најдобриот тим за 2016 година.

Во вторникот доста контроверзии предизвика ФИФА тимот за 2016 година,  а денеска се појави изборот на УЕФА.

На сајтот на УЕДА читателите имаа шанса да гласаат за најдобар тим за минатата година, а денеска и официјално е објавен.

Очекувано, преовладуваат играчи на Барселона, и Реал, додека Јувентус има двајца.

Реал Мадрид ги претставува Серхио Рамос, Лука Модриќ, Тони Крос и Кристијано Роналдо, додека од Барса тука се Жерар Пике, Андрес Иниеста и Лионел Меси.

Честа на Јувентус и Серија А ја бранат Џанлуиџи Буфон и Леонардо Бонучи, додека тука се уште и Антоан Гризман и Жером Боатенг.

Интересно, во вторникот прочури ФИФА тимот на годината кој ќе биде официјализиран на церемонијата во Цирих на 9 јануари, а разлика меѓу тој и ФИФА тимот на годината се четири играчи.

Во ФИФА тимот на годината се наоѓаат Мануел Ноер, Тиаго Силва, Марсело и Нејмар, додека во УЕФА тимот на годината наместо нив се – Буфон, Боатенг, Бонучи и Гризман.

Дефанзивци Пике и Серхио Рамос, како и триото на играчи за врска Модриќ, Крос, Иниеста и Меси и Роналдо во нападот, ги заземаат местата во двата тима.

Кој е според вас реален избор за минатата година?!