Официјално – Падна уште еден потпис во Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот играч потпиша нов договор.

Според сајтот на Барселона, договорот е постигнат, па 28-годишниот фудбалер ќе остане до 30-ти јуни 2021 година во Барселона. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 125 милиони евра.

Стариот договор на Ракитиќ завршуваше во 2019-та година.

Тој во 2014-та година премина од Севиља во Барселона и досега одигра 145 натпревари и постигна 23 голови.

Интересно, Ракитиќ го потпиша новиот договор на својот 29-ти роденден, а пред него, оваа сезона нови договори добија Бускетс, Суарез и Нејмар.