Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пари Сен Жермен го комплетираше доведувањето на големиот португалски талент Гонсало Гуедеш од Бенфика, после што крилниот играч успешно ги помина лекарските прегледи денеска.
Гуедеш го пропушти натпреварот против Тондела во минатиот викенд, и следеа шпекулации за неговата иднина, а покрај Парижаните, за него беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, Унаи Емери славеше во овој двобој со Мурињо, а Гуедеш денеска потпиша и договор и се сликаше со клупски шал. Цената на трансферот наводно е околу 25 милиони евра.
Тој во Бенфика стигна во 2005 година, а за клубот дебитираше против Спортинг во третото коло од португалскиот клуб во октомври 2014 година.
Вкупно собра 70 настапи за Орлите, и постигна 11 голови.
Поради својот начин на игра, во Португалија го доби прекарот „новиот Роналдо“, а може да игра на двете крилни позиции, и во средината.
Португалските медиуми во понеделникот известија дека Гуедеш организрал проштална вечера со своите соиграчи од Бенфика.
Пари Сен Жермен моментално се наоѓа на третото место во француското првенство со 45 освоени бодови од 21 одиграни натпревари, и зад водечкиот Монако заостанува три бода, додека второпласираната Ница има 46 бодови.