Официјално: ПСЖ го купи Паредес за 45 милиони евра (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ не се грижи премногу за Финансискиот фер-плеј, па денеска го ангажираше Леандро Паредес од Зенит за 45 милиони евра.

Парижаните на таков начин го решија проблемот во средината на теренот, откако ПСЖ се откажа од Алан од Наполи.

Паредес потпиша договор до 2023 година, а ги одби Маурицио Сари и Челси, кои исто така беа заинтересирани за него.

Аргентинецот е млад фудбалер, има само 24 години и досега има девет настапи за неговата репрезентација.