Официјално – Роналдињо повторно во Барса!

Вест на денот во Каталонија.

Легендарниот фудбалер на Барселона Роналдињо повторно се врати на Ноу Камп, но овој пат во малку подруга улога.

Во официјалното клупско соопштение, потврдено е дека Роналдињо се враќа во улога на амбасадор и дека ќе помага во бројни проекти важни за промовирањето на клубот на сите меридијани.

Роналдињо во петок во 17:30 часот ќе биде претставен на конференцијата за медиумите, кога повторно ќе се обрати на медиумите и навивачите во Барселона.

Ова е уште еден потег во низа каде што Барселона сака да го оправда своето мото „Повеќе од клуб“, а навивачите сигурно ќе бидат воодушевени од повторното враќање на ваква голема легенда.

Роналдињо како игра во Барселона играше од 2003 до 2008 година и освои две титули во Премера и Лигата на шампионите.