Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот возач Карлос Саинц кариерата ќе ја продолжи во екипата на Мекларен.
Откако Фернандо Алосно објави дека наредната сезона нема да вози во Формула 1, Мекларен соопшти дека постигнале договор со Саинц.
Шпанецот настапува за Рено, но со англискиот тим договори повеќегодишна соработка, која ќе почне од 2019.
„Воодушевен сум што ќе бидам возач на Мекларен од 2019. година, тоа го барав некое време и среќен сум што почнувам нова авантура во кариерата. Многу одлични возачи беа во таа екипа, а еден од нив е Алонсо“, кажа Саинц.
Во моментов Саинц се наоѓа на 11. позиција во Формула 1 и има освоено 30 бодови.