Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега е и официјално – Валери Ботас ќе вози во тимот на Мерцедес со Луис Хамилтон.
Вилијамс одлучи да му дозволи на Ботас да премине во Мерцедес, а во исто време потврдија и дека Маса официјално се откажал од пензија и се враќа во нивниот тим.
„Голема работа е да се вози за Мерцедес.“
„Одвај чека да почнам да работам со полна пареа. Моја цел е да одморам во првата трка, да освојам бодови и ви гарантирам дека ќе дадам се од себе во секоја трка. Сакам да им се заблагодарам на сите за шансата.“
„Ова ми е 5-та сезона во Ф1. Во Вилијамс стигнав до 9 подиуми, но сеуште чекам на својата прва победа.“
Ботас е задоволен што во тимот ќе го има Луис Хамилтон како колега.
„Мислам дека Луис и јас ќе бидеме одличен тим. Многу го почитувам.“
Волф смета дека Ботас е идеален возач за задачата која е пред него.
„Мислам дека Ботас одлично се вклопува во нашиот тим. Како возач е многу брз, но тоа што е најважно, мислам дека е добар човек. Тој е некој кој ја дели нашата страст и вредност. Скромен е и искрен.“
Исто така е потврдено дека се враќа Маса во болидот на Вилијамс.