Официјално: Суспензија за Кевин Стротман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома во наредните два натпревари ќе биде без Кевин Стротман кој е суспендиран поради истурање на вода на играч на Лацио.

Имено, Фудбалскиот сојуз на Италија вчера соопшти дека Кевин Стротман е суспендиран на два натпревари поради инцидентот кој се случи на мечот против Лацио.

Имено, фудбалерот на Рома го постигна првиот гол за Волчицата, а при прославатана голот намерно со вода го натури Данило Каталди.

Играчот на Лацио после тоа жестото реагираше поради што доби црвен картон.

ФС на Италија одлучи Каталди да биде суспендиран на еден меч.