Официјално: Тотенхем избра стадион за следната сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одамно е познато дека Тотенхем во следната сезона своите домашни натпревари нема да ги игра на Вајт Харт Лејн.

Од лондонскиот клуб денеска официјално соопштија дека во сезоната 2017/18 ќе настапуваат на култниот Вембли, каде што овој клуб ги играше своите натпревари во ЛШ и Европската лига во оваа сезона.

Тотенхем гради нов стадион кој ќе се наоѓа практично на истото место каде и Вајт Харт Лејн.

Работите се веќе во тек, но до негово завршување Спарси ќе бидат приморани да играат на Вембли.

Вториот најголем фудбалски стадион во Европа така до израздбата на новиот дом на Тотенхем во наредната сезона ќе ги угости сите екипи во Премиер лигата, а останува да видиме дали тоа ќе биде преголем хендикеп за екипата на Маурицио Покетино.