Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубовите од Премиер Лигата денес изгласаа летниот трансфер период да се заврши пред првиот натпревар од новата сезона. Тоа значи дека трансфер периодот во летото 2018 година ќе заврши на 9 август во 18:00 часот.
Одлуката била донесена со мнозинство гласови, вкупно 14 клубови од Премиер Лигата биле за ваквиот чекор, додека само пет клуба гласале против. Еден од клубовите не се изјаснил за целата ситуација.
Трансфер периодот во јануари ќе остане ист, а клубовите од Премиер Лигата нема да може да купуваат после 9 август, но ќе може да ги продаваат своите играчи.