Официјално: Харт нов голман на Вест Хем

Тоа што се најавуваше последните неколку денови денес доби официјална потврда.

Англискиот репрезентативен голман, Џо Харт следната сезона ќе ја помине како позајмен фудбалер во редовите на Вест Хем.

„Важно е за мене да играм регуларно, а можноста да дојдам во Вест Хем и да играм за овој клуб е прекрасно. Отсекогаш го сакав клубот кој има голема историја, а јас секогаш сакав кога игравме против Вест Хем“- коментираше Харт по потпишувањето на договорот.