Официјално: Јакуповиќ потпиша за Лестер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лестер го обезбеди потписот на швајцарскиот интернационалец Елдин Јакуповиќ од редовите на Хал.

Јакуповиќ со поранешниот шампион на Англија потпиша тригодишен договор, а цената која Лестер ја плати на Хал не е откриена.

32 годишниот голман го напушти тренинг капмпот на Хал во Португалија овој викенд за да го финализира договорот со „Лисиците“.

Јакуповиќ беше играч со најдолг стаж во редовите на Хал откако им се приклучи во јули 2012 година. Од тогаш Јакуповиќ имаше 55 настапи за „Тигрите“ а особено добар впечаток остави минатата сезона.