Павар се огласи по наводниот интерес од Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светскиот шампион со Франција, Бенџамин Павар се огласи по најавите дека Баерн Минхен е заинтересиран за неговите услуги.

Во јавноста се појавија шпекулации дека веќе е договорен трансферот во Минхен и дека истиот ќе се реализира во летниот преоден рок.

„Се уште не сум потпишал со Баерн Минхен. Интересот на така голем клуб ме прави среќен, но денес сум сконцентриран на Штутгарт. Не размислувам за следното лето“-коментираше Павар за „Ле Паризиен“.