Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Михтаријан и Лингард не играат против Фејенорд.
Прво го пречкрта Бастијан Швајнштајгер. Потоа спроведе тивка револуција во случајот со Хуан Мата. Тероризмот на Жозе Мурињо на Олд Трафорд, судејќи по се, продолжува, бидејќи тренерот на Манчестер Јунајтед се реши да прави строгост над уште двајца играчи.
Прв е тој на чие доаѓање инсистираше. Хенрик Михтаријан. А друг е Џеси Лингард. Двајцата ги замени после првото полувреме од дербито со Манчестер Сити и веќе објави дека нема намера да ги води во Ротердам, каде што Црвените ѓаволи во четврток го почнуваат натпреварувањето во групната фаза од ЛЕ.
„Корист која може да ја има екипата претставува одличниот фактор при изборот на играчите,. На основа на тоа одлучувам на кого да дадам шанса. Затоа, ако ми зборувате дали тие двајца ќе играат против Фејенорд, одговорот е – не“, прецизираше Мурињо.
Португалецот со извадувањето Михтаријан и Лингард – кој го уфрли во стартните 11 наместо Мата – покажа дека е незадоволен од нивното издание против Сити, бидејќи додека тие двајца беа на теренот екипата на Пеп Гвардиола и стекна одлучувачка предност.
„Дали треба да ги казниме поради тоа? Не, само мора да ги согледаме своите можности кои ги имаме. Нормално, во тој случај ќе играат други фудалери“, рече Португалецот.
Ова не значи дека Ерменецот и Англичанецот ќе го пречкрта на долг период.
„Никогаш не знаете како одреден играч ќе реагира на фактот да не игра. Поготово ако вас не ве познава доволно. А сеуште е рано да кажеме како еден на друг се познаваат добро“.
На крајот Жозе Мурињо беше прилично директен објаснувајќи дека притисокот во Манчестер е таков што поедини играчи мора да се научат да се носат.
„Ајде да зборуваме, на пример, за Михтаријан. Колку големи големи натпревари одиграл? А и тој дечко, Џеси, колку пати во големи мечеви нешто направил за својот тим“, прецизираше тренерот на славниот клуб.