Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Панатинаикос денес стигнаа до 11-та победа во ЕЛ.
Од самиот почеток на натпреварот Панатинаикос беше подобар, односно во првата ¼-на победија со 15:13, а потоа можеби и најважниот дел од натпреварот беше втората ¼-на кога Грците успеаа да направат поголема разлика, па на полувремето заминаа со 36:29.
Во второто полувреме се водеше голема борба, но сепак Панатинаикос успеа да го зачува водството до крајот на натпреварот и победи со 71:65.
Најдобар во тимот на Панатинаикос беше Џанис Бурусис со 14 поени и 11 скокови.
На останатите натпревари Галатасарај го декласираше Макаби со 102:63 и Жалгирис беше подобар од ЦСКА со 79:74.