Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се одиграа уште седум натпревари од 32-ро коло во Серија А.
Јувентус на гости ја победи Пескара, 0:2.
Гонзало Игуаин во првото полувреме ги постигна два погодоци за бјанконерите.
Рома ремизираше на Олимпико против Аталанта.
Куртиќ во првото полувреме му донесе водство на гостите. На почетокот на второто полувреме Џеко ги постави конечните 1:1.
Џенова на Луиџи Ферара ремизираше против Лацио, 2:2.
Симеоне му донесе водство во десетата минута на Џенова. Во судиското продолжение од првото полувреме Биља го израмни резултатот. Горан Пандев кој влезе во второто полувреме донесе водство на Џенова, 2:1. Пред крајот на натпреварот резервата Алберто ги постави конечните 2:2.
Палермо и Болоња одиграа без погодоци. Илија Несторовски ги одигра сите 90 минути, а Александар Трајковски одигра 75 минути. Иако имаа фудбалер повеќе сицилијанците не успеаа да постигнат погодок. Каљари го прегази Киево, 4:0, Емполи ја шокира Фиорентина, 1:2, а Торино и Кротоне ги поделија бодовите, 1:1.