Пандев погоди, Џенова загуби од Киево, Палермо и Несторовски направија чудо и ја победија Фиорентина, Милан освои бод против Кротоне (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Завршија уште шест натпревари од 34-то коло во Серија А.

Кротоне и Милан ремизираа, 1:1.

Трота после осум минути игра погоди за водство домашните. На почетокот на второто полувреме Милан израмни преку Палета. До крајот немаше промена на резултатот, а росонерите го завршија натпреварот со фудбалер помалку бидејќи Кучка доби црвен картон, 1:1.



Горан Пандев погоди во поразот на Џенова од Киевo, 1:2. Македонскиот репрезентативец донесе водство на Џенова пред крајот првото полувреме. Во второто полувреме Киево направи пресврт и победи на овој натпревар, 1:2.


Во Сицилија, Палермо направи чудо со тоа што ја победи Фиорентина, 2:0. Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски не постигне погодок, но доби жолт картон во првото полувреме и се повреди, па мораше порано да го заврши натпреварот.

Во останатите натпревари Болоња го декласира Удинезе, 4:0, Каљари минимално ја совлада Пескара, 1:0, а Сасуоло на гости го победи Емполи, 1:3.