Паника во ХСВ: Директорот за маркетинг се опијанил и исчезнал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во германскиот бундеслигаш ХСВ се создаде паник откако беше објавено дека исчезнал директорот за маркетинг на клубот, Тим Краус.

Краус, според медиумите, исчезнал во сабота околу 23:30 и од тогаш му се губи секоја трага.

Од Хамбург апелираат до сите кои имаат било какви информации за состојбата на Краус да ги информираат.

Во саботата Краус е виден пијан по една журка, а иако влегол во такси кое требало да го однесе до дома, тој не се појавил во својот дом.

Германците тврдат дека Краус преку својот мобилен бил лоциран во близина на периферијата на градот и тоа 70 минути по влегувањето од таксито, но набрзо се изгубил сигналот и потоа никој не знае што се случило со него.