Пациентот останува пациент – Вардар го победи Целје за враќање на првата позиција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар во СЦ Јане Сандански го победија Целје во натпревар од натпревар од 12-то коло во групната фаза во ЛШ, 35:30.

Гостите постигнаа два погодоци во низа за 1:2. Вардарци набрзина вратија со иста мерка и го презедоа водството, 3:2.

При резултат 3:3 ракометарите на Вардар постигнаа четири погодоци во низа за 7:3. Целје намали на два негатива, 10:8 со два погодоци во низа. Вардарци по серијата на гостите од два погодоци возврати на ист начин и повторно имаа предност од четири погодоци, 12:8.

Вардарци со серија од три погодоци стигнаа до водство од шест погодоци, 16:10. До крајот на првото полувреме двата клуба играа гол за гол и на полувреме македонскиот клуб имаше водство од пет погодоци, 20:15.

 

Со серија од два погодоци Вардар го врати водството од шест погодоци во второто полувреме, 24:18. Вардарци четиринаесет минути пред крајот на натпреварот ги имаа највисоките плус седум, 29:22.

Вардар до крајот го задржа водството и победи со 35:30.

Алекс Душебаев го предводеше Вардар со 8 погодоци. Тимур Дибиров и Данил Шишкарев постигнаа по 6, Игор Карачиќ 5, Мораеш Фереира и Мијајло Марсениќ по 3, Иван Чупиќ 2, Александер Деревен и Жоан Канељас по 1 погодок. Млакар беше најефикасен во тимот на Целје со 8 погодоци.

Девета победа за Вардар во групата Б и враќање на првата позиција.