Паѓа рекорд: Барселона му нуди богатство на Наполи за Кулибали


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Барселона во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе во своите редови штоперот на Наполи, Калид Кулибали.

Актуелниот шпански првак се наоѓа во големи проблеми со дефанзивната линија со обзир на тоа дека тешко повредени се Самуел Умити и Томас Вермален, па приоритет во јануари е да се доведе стопер.

Италијанските медиуми јавуваат дека сенегалскиот репрезентативец се наоѓа на мета на Барселона, која е спремна за неговите услуги да му плати на Наполи дури 100 милиони евра.

Доколку Наполи ја прифати понудата ќе биде соборен рекорд во однос на оштетата за стоперот.

Да потсетиме, Кулибали кариерата ја започна во Мец, а потоа отиде во Генк, за да во 2014. година пристигне во Наполи.

Пред неколку месеци Челси и Манчестер Јунатед за него понудија 90 милиони евра, но Наполи ги одби понудите,.