Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Вест Хем Славен Билиќ рече денеска дека поранешниот фудбалер на тој клуб Димитри Паје не мора да се извинува на навивачите поради заминувањето во Олимпик.
Паје на почетокот на месецот одби да игра за Вест Хем, поради тоа што сакаше да се врати во Олимпик од Марсеј, поради што навивачите го критикуваа.
Навивачите ги заменија неговите дресови во клупската продавница, а некои го пречкртаа неговото име на задната страна од дресот и го навредуваа по пат на друштвените мрежи.
Тој во неделата вечер премина во Олимпик, а британските медиуми наведоа дека трансферот е вреден 25 милиони фунти.
„Дали должи извинување? Не. Не би рекол. Фудбалерите секогаш ги менуваат клубовите и не сакам да влегувам во тоа што треба да каже. Тој замина, се врати дома, тоа беше негова желба и нема да заборавам колку ни значеше. Беше одличен. Бев среќен и горд поради мојот тим и моите соработници што му помогнаа да оствари се што оствари“, рече Билиќ, а пренесува Скај Спортс.
„Тоа што оствари со нас е одлична приказна за Вест Хем, за Премиер лигата и Франција. Тоа нема да се заборави затоа што замина. Навистина му посакувам се најдобро“, додаде хрватскиот тренер.
Билиќ на 12 јануари рече дека Паје го известил дека не сака да игра. Билиќ, како ни сопственикот на клубот не сакаа да го продадат францускиот репрезентативец.
„Тоа беше дел од тактината. Беше јасно од првиот ден, кога ја известив јавноста, дека тој ќе замине и нормално, ја сакавме најдобрата цена за клубот. Сакам да му се заблагодарам за се што направи за нас, во минатата година беше брилијантен. Сега таа приказна е завршена, му посакувам среќа и се најдобро во Марсеј“, рече Билиќ.