Па дали е ова нормално: Ливерпул со чуден гол го доби дербито со Евертон! (ВИДЕО)


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул победија на „Енфилд“ против Евертон со 1-0 во едно од дербито од 14. коло во Премиерлигата.

На дуелот беше постигнат само еден гол, но навивачите најверојатно долго ќе го паметат и ќе зборуваат за него.

Стрелец беше Давид Ориги во 96. минута и тоа на многу чуден начин. Вирџил Ван Дајк се обиде да шутира, но топката лошо ја зафати и таа летна високо, но падна на пречката.

Голманот Џордан Пикфорд се обиде да ја дофати, но таа заигра по пречката додека не падна точно на главата на Ориги, кој погоди за конечни 1-0.