Па дали знае што прави Раиола – Пристигнуваат 75 милиони евра за голман?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Милан доби неверојатна понуда за Донарума.

Според медиумите, Јунајтед за услугите на овој голман сака да одвои неверојатни 75 милиони евра и наводно веќе е испратена понудата.

Донарума во февруари наполни 18 години, па со оглед на тоа дека станува збор за еден од најталентираните голмани во светот, интерес за неговите услуги е навистина голем.

Јунајтед ова лето најверојатно ќе остане без Де Геа. Тој ќе замине во Реал Мадрид, а прв избор на Јунајтед е младиот голман.

Донарума има договор со Милан до 2018-та година и ова е понуда на која никој не може да остане мире, но ќе видиме што ќе се случи.