Пепе пред портите на ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се шпекулираше дека Пепе го одбил францускиот тим со цел да направи трансфер во Бешикташ, но сепак до такво нешто нема да дојде затоа што Португалецот веќе се договорил со ПСЖ.

Јувентус, ПСЖ и Бешикташ испратиле понуди до 34 годишниот одбранбен фудбалер кој од 1 јули е слободен фудбалер.

Официјални лица на Бешикташ за „АС“ изјавиле дека преговорите помеѓу нив и Пепе пропаднале поради високите барања на фудбалерот, а се верува дека тој ја избрал понудата на Пари Сен Жермен.