Пеп доведе огромно засилување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трансферот е денеска најавен, а сега е се обелоденето и на официјалната страница на клубот од Етихад.

Официјално е, Манчестер Сити официјално го ангажираше поранешниот фудбалер на Монако Бернардо Силва.

Младиот Португалец долго важеше за голема желба на Манчестер Јунајтед, и се очекуваше во ова лето да се пресели на Олд Трафорд, но Гвардиола беше побрз и португалскиот репрезентативец заврши во комшилокот, Монако на име трансфер ќе заработи 43 милиони фунти.

Силва кариерата ја почна во Бенфика, беше одличен во репрезентативниот тим на Орлите во португалската лига.

Настапи и за младинските селекции на Португалија, после ЕП за У19 селекцијата беше прогласен за еден од 10те најталентирани фудбалери на стариот континент.

Се пресели во Монако во 2014 година, а Кнежевците го откупија целиот негов договор после само шест месеци.

Во сезоната позади нас беше еден од клучните играчи на Леонардо Жардим во освојувањето на титулата во Франција, одигра 51 меч за Кнежевците, а имаше дабл-дабл учинок со 10 голови и асистенции.

Во новиот клуб ќе го носи дресот со број 20.

„Се чувстувам одлично. Да бидам искрен, сега сум во еден од најдобрите клубови на светот. Ќе бидам дел од овој клуб и да се има ваква шанса е навистина одлично.

Многу сум среќен што станав дел од Манчестер Сити и едвај чекам да помогнам на тимот да ги оствари своите цели“, изјави Силва.

Тој во клубот и официјално ќе се придружи на први јули.