Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во летото го испрати Харт на позајмица и ги натера челниците да го доведат Чилеанецот, сега ни тој не му се допаѓа.
Џо Харт го загуби местото меѓу стативите на Граѓаните од доаѓањето на Пеп Гвардиола бидејќи не е “доволно добар фудбалер“.
Наместо него, стигна искусниот Клаудио Браво, но Чилеанецот слабо се покажа засега. Имаше неколку киксеви, најмногу против поранешниот клуб Барселона, а неговите партии против Лестер ги натера приврзаниците на Сити да се потсетат на старите добри времиња додека на голот на нивниот клуб стоеше првиот голман на англиската репрезентација.
Сега и Браво може да добие пеколна конкуренција, Вили Кабаљеро би бил трет голман, додека Харт најверојатно веќе сега може да бара клуб кој ќе му понуди полн договор од наредната сезона, бидејќи во Торино е на позајмица.
Имено, Сити го следи голманот на Бенфика Едерсон, а како што пренесува португалскиот весник „А Бола“’ претставниците на англискиот клуб присуствуваа и на натпреварот меѓу Бенфика и Наполи во рамките на ЛШ, со цел да го следат талентираниот чувар на мрежата.
Споменатиот португалски весник наведува дека Сити може да проба да го доведе веќе во јануари, со цел да ја престигне Барселона која истотака е заинтересирана за Бразилецот кој ја чува мрежата на лисабонските “Орли“.
Едерсон е еден од најталентираните голмани на светот, со договор е врзан за клубот од „Луж“ до 2020 година, а откупната клаузула му изнесува 30 милиони евра.
Поради „ниската“ клаузула“, барем за клубови како Манчестер Сити и Барселона, во управата на Барселона пробуваат да потпишат нова соработка со 23-годишниот голман, но досега нема информација за потпишување на нов договор.
https://www.youtube.com/watch?v=_GBM8N06mfI