Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп Гвардиола сака да го реновира тимот, а ќе повлечи радикални потези.
На прв поглед делува дека 13 играчи е огромен број, меѓутоа, многу од тие фудбалери се веќе одамна отпишани.
На листата на играчи на кои Пеп не смета се наоѓаат шест актуелни фудбалери на граѓаните, додека останатите се на позајмица или не играа во оваа сезона за првиот тим.
На шестмина играчи истекува договорот на 30 јуни, а бидејќи се работи за играчи кои влегуваат во завршна фаза од својата кариера, јасно е дека ќе заминат на лето, а тоа се – Виљи Кабаљеро, Бакари Сања, Гаел Клиши, Јаја Туре и Хесус Навас.
Се шпекулира дека само Кабаљеро и Јаја Туре може да добијат договор на уште година дена, но тешко дека тоа ќе се случи.
Што се однесува до останатите седмина, тоа се играчи кои Пеп ги отпиша речиси одма по доаѓањето во клубот – Џо Харт, Самир Насри, Мангала, Делф, Бони, Фернандо и Денајер и тие 99 % нема да бидат ниту на подготовките во наредната сезона.
На мета на Пеп Гвардиола се наоѓаат голем број на играчи, во последните месеци се споменуваат фудбалери на сите позиции, но засега ниту еден од нив не е извесно засилување.
Сигурно дека Пеп ќе брка големи засилувања, фудбалски ѕвезди, но тешко дека можат да пронајдат повеќе од три или четири такви игачи.
Впрочем, Шпанецот го чека тешка задача кога ќе остане без 13 играчи во ова лето.