Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Флорентино Перез сеуште е спремен за „нов галактикос“.
Првиот човек на Реал Мадрид гостувајќи во една радио емисија во Монте Карло отворено призна дека “не ја исклучува можноста да го доведе Мбапе“.
Младиот напаѓач на Монако ја залуди цела Европа, има само 18 години и ја игра сезоната од соништата, па на лето го очекува голем трансфер.
Сепак, Перез не сака да се откаже од Карим Бензема, напротив, најавува можен тандем него и Мбапе.
„Карим е микс на Зидан и Роналдо и дефинитивно најдобра „деветка“ на светот. Убеден сум дека ќе остане кај нас. Многу сум среќен што го имаме во екипата и сигурен сум дека до продолжување на соработката нема да има проблем“, рече Перез, а потоа одговори на прашањето за трансфер на Мбапе.
„Тандем Бензема – Мбапе?!. Се е можно. Но, во овој дел од сезоната не е прикладно да се зборува за тоа. Сеуште е актуелна борбата во сите натпреварувања“, истакна Перез.
Инаку, се проценува дека Монако нема да го пушти младиот напаѓач под 100 милиони евра, но тоа засега се само шпекулации и најверојатно „пумпање“ на цената од страна на менаџерот преку медиумите.