Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемото дерби на светот измеѓу Ривер и Бока судејќи според случувањата ќе се одигра надвор од Аргентина, а сето тоа поради големите нереди кои ги направи група навивачи на Ривер Плата.
Ривер и Бока требаше да одиграат финале во рамките на Копа Либертадорес во саботата на Монументал, но натпреварот е одложен откако навивачите на Ривер го нападнаа автобусот во кој се наоѓаа навивачите на Бока.
Во овие напади повредени се неколку фудбалери на Бока, а најлошо поминаа Пабло Перез и Гонзало Ламардо кои завршија во болница.
Перез се здобил со повреда на окото кога напаѓачите на Ривер ги скршиле прозорците на автобусот на играчите на Бока и веднаш беше префрлен во болница каде му беше укажана помош.
Овој фудбалер бил навистина разочаран од случувањата пред Монументал и порача дека играчите на Бока едноставно не сакаат да се вратат на овој стадион.
,,Никој не може да ми го врати окото ако останам без него. Беше сосема очигледно дека ние не можеме да играме.
Не сакаме да се вратиме на стадион каде можевме да загинеме, бидејќи таму луѓето за малку што не не убија. Не ми е јасен ниту КОНМЕБОЛ откако слушнав дека сака да се игра натпреварот, па тоа е срамно.
Тажно е бидејќи тоа се само група навивачи и знам дека многумина немаат врска со овие нереди. Не знам што би се случило доколку победевме таму”- рече Перез.