Перез се откажа од Нејмар: Реал тргнува по друга ѕвезда на ПСЖ!?

Реал Мадрид летово ќе се обиде да се засили со ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој блесна на Мундијалот во Русија.

ПСЖ го плати талентираниот напаѓач неверојатни 180 милиони евра, а Реал Мадрид ги нудел, наводно, Герет Бејл или Марко Асенсио и уште 50 милиони.

Минатото лето, Монако се согласиле Мбапе да премине во Реал, но ПСЖ понудил двојно повеќе пари и на крајот Французинот се пресели во Париз.

Наводно, Мбапе е разочаран поради големите поделби во екипата, караниците, однесувањето на Нејмар, па сака да „избега“ во Реал.

Минатата година Мбапе постигна 21 гол и 16 асистенции за ПСЖ, но посилна лига од француската секогаш ќе биде предизвик за него.