Перез ќе пресече: Познато името на тренерот на Кралскиот клуб…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го промени Јулиен Лопетеги и го доведе Сантијаго Солари на тренерската позиција, по четири натпревари и исто толку триумфи изгледа дека би можел да се задржи нешто подолго.

Вчера се пласираше ексклузивна информација дека Флорентино Перез одлучи сезоната да ја заврши со него, но денешните информации покажуваат дека првиот човек на кралскиот клуб му верува повеќе отколку што многуминаа му веруваа.

Имено, клубот веќе испратил допис до сојузот дека Солари ќе биде постојан тренер до крајот на сезоната бидејќи тоа мора да го направи по правилата на Примера, а потоа Солари би требало да потпише договор до летото 2020. година.

Нема сомнеж дека Мадриѓаните сакаат да направат слична работа како со Зинедин Зидан кој за две и пол години освои се што можеше.

Може ли Аргентинецот по неговите стапки?