Пер елиминиран од Зебаљос, Рамос Вињолас го доби шпанскиот дуел против Баутиста Агут


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршија уште два 1/8 финални натпревари на АТП турнирот во Барселона.

Хорасио Зебаљос го елиминира Беноа Пер, 2:1 во сетови. Првиот сет аргентинецот го доби, 6:4. Французинот во вториот сет лесно го доби, 3:6. Во одлучувачкиот сет се играше тај-брејк каде подобар беше Зебаљос, 7:3, 7:6.

Алберт Рамос Вињолас беше подобар во шпанскиот дуел против Роберто Баутиста Агут, 2:1 во сетови. Финалистот од Монте Карло лесно го доби првиот сет, 6:2. Вториот сет имаше многу брејкови кој го доби Баутиста Агут и израмни, 3:6. Рамос Вињолас во десетиот гем го направи потребниот брејк за победа во одлучувачкиот сет, 6:4.

Рамос Вињолас во 1/4 финалето ќе игра против моментално најдобриот тенисер во светот, Енди Мареј, а Зебаљос против Качанов.