„Пескара ни беше потежок противник“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рома го совлада Лацио во големото римско дерби, играч на натпреварот беше белгискиот фудбалер.

Раџа Наинголан блескаше во мечот против Лацио, го постигна и вториот гол, одлучувачки погодок, а покрај голот, навивачите на Лацио ќе ги заболе и неговите зборови после самото дерби.

„Когаќе погледнам се, Пескара нас повеќе не намачи од Лацио“, изјави Белгиецот навратувајќи се на дуелот Рома и Пескара од претходното коло, кој е завршен со победа на Римјаните со резултат 3:2.

„Тоа се сепак подруги натпревари. Дури и Милан се мачеше против Кротоне, потешки се таквите натпревари отколку што се мисли“, додаде играчот за врска на Рома.

Се наврати Наинголан и на својот погодок од престојното дерби, појасни зошто неговиот неговиот шут, иако беше од голема дистанца, заврши во мрежата на Маркети.

„Мојот гол? Маркети премногу доцна ја виде топката бидејќи Раду го маркираше“, појасни Наинголан.