Пет добри причини поради кои Баерн може да го исфрли Реал!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вечерва од 20:45 играат Реал Мадрид и Баерн Минхен и во најава е спектакл.

Реал Мадрид во првиот натпревар во Минхен победи со 2:1 и со една нога е пласиран во ½-финале.

Баерн Минхен поради домашниот кикс во овој натпревар влегува како аутсајдер, но Баерн има 5 добри причини за нивни оптимизам.

Во продолжение следуваат 5-те причини.

Враќањето на Роберт Левандовски

Баерн во првиот натпревар беше ослабен со неиграњето на Левандовски, кој вечерва се враќа на сцената. Тој оваа сезона постигна 46 голови на 45 натпревари и на сите им е јасно за каков фудбалер станува збор.

Левандовски скоро сигурно ќе игра во врвот на нападот вечерва, а кога тој е на теренот, тогаш тоа е друга приказна. Секако треба да се сетиме на ½-финале од ЛШ од сезоната 2012/13 кога Левандовски во дресот на Дортмунд му даде 4 голови на Реал на 1 натпревар.

Две засилувања во одбраната

Освен Левандовски, во тимот се враќаат Хумелс и Боатенг, кои имаа проблеми со повреди. Па се очекува Анчелоти од првата минута да ги испрати овие два фудбалери на теренот.

Арјен Робен сака големи натпревари

„Тајно“ оружје на Баерн може да биде Робен. Тој веќе играше за Реал и добро го познава Мадрид каде постигна многу убави голови, а тоа може да го направи и вечерва.

Учител од ученик не може два пати да изгуби

Во првиот натпревар во Минхен, Зидан го надмудри Анчелоти, од кој научи многу работи додека беше фудбалер. Сепак, тешко може да се верува дека Анчелоти ќе изгуби 2 пати од Зидан, затоа што најверојатно извлече поука од првиот натпревар.

Додека Зидан има 15 натпревари, Анчелоти зад себе има околу 150 натпревари во ЛШ.

Лам и Алонсо имаат најголем мотив во животот

Испаѓањето на Баерн од ЛШ значи и крај за Лам и Алонсо во ЛШ. Двајцата најавија крај на кариерите на крајот на сезоната и ќе се потрудат да се простат од ЛШ барем во ½-финале. Тие двајца во комбинација имаат неверојатни 229 настапи во ЛШ и 3 титули.