Пизаро останува уште една година во Вердер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот играч од Перу, Клаудио Пизаро ќе остане уште една сезона во Вердер.

Пизаро веќе има 38 години, а актуелниот договор му завршува на крајот на оваа сезона. По се изгледа дека ова нема да биде негова последна сезона.

Пизаро оваа сезона одигра 17 натпревари за Вердер и постигна само 1 гол.

Да потсетиме, ова му е втор пат да настапува за овој тим, а во овој тим се прослави од 1999 до 2001 година кога постигна 29 голови на 56 натпревари. Најпрво премина во Баерн, а потоа и во Челси, па потоа повторно се врати во Баерн.